Обвинителката Фатиме Фетаи, денеска на прес конференција објави дека СЈО отвора истрага за случајот „Тендери“, во кој се осомничени четири лица вработени во Министерството за култура, и тоа првоосомничена е раководно лице во министерството, а тројца се членови на Комисијата за јавни набавки од министерството.
Како што кажа Фетаи во телефонски разговор, првоосомничената договорила со директорот на „Бетон Штип“ да ја почнат работата на „Музејот на ВМРО“, а потоа ќе се распише тендер, со точно определени спецификации кои само „Бетон Штип“ ги исполнува. Министерството за култура на сметка на „Бетон Штип“ за ова префрлило 54 милиони 501 илјада и 336 денари.
„Постои основано сомнение дека е сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Корупцијата и културата се разликуваат според животните концепти. Ова обвинителство е формирано и ќе има даде спротивен пат“, рече Фетаи.