Промотивна дебата „Граѓанското здружување и развојот“ ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје во организација на Цивика мобилитас.
Повод е објавувањето на публикацијата „Поимот граѓанско содружништво“ од Готје Пирот, од Универзитетот во Лиеж, Белгија, која за македонската публика ја преведе проф. др. Ило Трајковски, а ја издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од програмата Цивика мобилитас.
Според организаторите, на дебатата, покрај проф. др. Трајковски и проф. др. Милева Ѓуровска која е редактор на публикацијата, ќе зборуваат и експерти и претставници на НВО секоторот кои ќе се осврнат на улогата на граѓанското општество во развојот на медиумите, економскиот аспект на граѓанското општество, улогата на граѓанските организации во руралниот развој и активизмот на граѓаните.