Во моментов истражуваме кој и како прислушувал во македонија, дали УБК или странски служби, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред Управата за безбедност и контраразузнавање.
– Повеќе пати сме влегле во УБК да разговараме со нив, но не вроди со плод, па затоа што не сакаа доброволно да соработуваат, решивме да влеземе со судска наредба. Остануваме до доцна во ноќта, УБК побара пауза со цел да се консултираат, рече Јанева.
Постапката се води во повеќе предистражни постапки, дел по дел како оди работата така излегуваме во јавноста. Моментално во УБК сме тројца, очекувам да се приклучат уште обвинители, истакна специјалната јавна обвинителка.