УНХЦР: Стотици цивили го напуштиле Мосул пред нападите

Од:

Околу 900 луѓе побегнале од ирачкиот град Мосул и преминале во Сирија, соопшти Високиот комесарија на ОН за бегалци (УНХЦР).

Тоа е прва голема група за која е потврдено дека го напуштила градот откако ирачката Влада во понеделникот почна со офанзива за ослободување на Мосул од џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Проценките се дека најмалку 700.000 цивили останале во Мосул, а меѓу нив и 5.000 борци на ИД.

Според УНХЦР, повеќе од 900 луѓе од Мосул преминале во Сирија и мометно се сместени во бегалски камп.

Во Вашингтон, портпарол на Пентагон предупреди дека ИД ќе користи цивили како жив штит, додека Меѓународната организација за миграции (ИОМ) изрази стравување дека е можно ИД да употреби и хемиско оружје.

ОН во моментот работат на формирање нови приемни центри за бегалци вон Мосул.

Лиза Гранде, хуманитарна координаторка на ОН за Ирак, изјави дека Светската организација очекува околу 200.000 луѓе да побараат засолниште во првите недели од операцијата.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија