Саудиска Арабија вчера погуби член на кралското семејство поради убиство, што е реткост кога се во прашање членовите на саудиското кралско семејство.
Принцот Турки бин Сауд ал Кабир е погубен во главниот град Ријад, бидејќи во тепачка пред неколку години го убил Саудиецот Адел ал Махемид, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кабир е 134. лице осудено на смрт во Саудиска Арабија од почетокот на годината, вклучувајќи домашни жители и странски државјани.