Наумов: За седум дена Миноски го зголеми јавниот долг за 12.7 милиони евра

Од:

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска обвини дека со последните две аукции е зголемен долгот за нови 12,7 милиони евра.

„Министерот за финансии самиот си го демантираше вчерашното соопштение од Министерството за финансии.

Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12.7 милиони евра.

Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со по 1.8 милиони евра на ден,  што е далеку од приближување на нето долгот кон нула на неделна основа, како што тврдеше.

Ова власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг на товар на граѓаните“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, во врска со аукцијата на државни хартии од вредност одржана на 18.10.2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација