Вељаноски ги распиша предвремените парламентарни избори

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска согласно уставните и законските обврски го потпиша Решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември годинава.

– Со овој чин, а во согласност со правилата на претставничката демократија, мандатот повторно му го враќаме назад на народот кој впрочем е единствениот врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава. Во меѓувреме Република Македонија ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии кои искрено верувам дека ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11 декември кога ќе треба во еден празничен изборен дух да бидат избрани народните претставници кои ќе го сочинуваат следниот деветти состав на македонскиот законодавен дом, рече Вељаноски.

Тој воедно упати благодарност од името на, како што рече, останатите колеги пратеници до граѓаните за укажаната доверба на парламентарните избори во 2014 година да бидат нивни претставници во Парламентот и додаде оти верува дека успеале да ја оправдаат нивната доверба и покрај, како што посочи, сите тешкотии со кои се соочиле како резултат на политичката криза во која беше доведена државата.

– Имајќи го предвид кажаното, сакам да го споделам моето длабоко уверување дека и за време на овој предизборен период нашата татковина ќе го положи својот демократски испит на зрелоста и ќе се искачи на едно ново квалитативно ниво што впрочем претставува основна цел на сите политички субјекти. Искрено верувам дека во следните близу два месеца сите ние кои ќе се ангажираме за изборите на 11 декември пред нас ќе го имаме денот потоа кога повторно ќе треба да седнеме и заедно да продолжиме онаму каде застанавме претходно, порача Вељаноски.

Тој посочи дека по потпишувањето Решението ќе биде доставено до Државната изборна комисија.

Пратениците вчера попладне со 110 гласови „за“ ја донесоа Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија со што се отвора пат за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември согласно договорот на лидерите на четирите најголеми партии за надминување на политичката криза.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме