Вардар ја прекина соработката со Индира Кастратовиќ

Од:

По натпреварот од првото коло во Б групата од Лигата на шампионките, македонскиот ракометен првак Вардар реши да ја прекине соработката со тренерот Индира Кастратовиќ.

На денешниот тренинг на играчите им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв.

На натпреварот од Б групата од ЛШ, во првото коло Вардар одигра нерешено, 27:27 со ФТЦ Будимпешта.

Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе биде познато деновиве а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина.

Кастратовиќ во Вардар беше од есента 2012 година, и со екипата четирипати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Трипати „црвено-црните“ играа на завршниот Ф4 турнир во ЛШ, и го освојуваа третото место.

– Клубот е среќен што овој период соработуваше со тренер кој остави белег на патот до трите бронзени медали од Ф4 турнирите во лигата на шампионите, соопштија од ЖРК Вардар.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он