Груевски: Потребни се 63 пратеници за да се испрати порака на тие што го потценија народот

Од:

Аирлија избори, победуваме! Дојде времето за избори и да го слушнат гласот на народот, кој долго време го игнорираа и потсмеваа. Вака го започна говорот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на собирот во спортскиот центар “Борис Трајковски“ кој се повика да говори во име на целиот народ.

-Дојдовме до тоа што долго време го чекаа македонските граѓани, кое треба да значи крај на кризата и за одговорот од граѓаните кои го спремаат две години.

Откако ја доведоа државата до невидена криза и меѓуетничка криза, сакаа да дојдат на власт без поддршка на народот и на сила. Трпението на овој народ е неговата најсилна доблест.

Време е за крај на кризата! Никој друг не може да крои и прекројува по туѓи интереси, овде одлучува народот и тој најдобро знае кој треба да ги застапува. Тоа што се обидуваа да го направат е да не тргнат од темата која не тишти секојдневно-економијата, рече Груевски кој ги набројуваше како што рече многуте инвестиции и успеси на власта.

Овие избори ќе бидат референдум против она што опозицијата го правеше, за враќање на позитивните теми. Тие избори ќе бидат референдум за Македонија каква што ја сакаме сите, а не каква што сакаат да ни ја скројат, рече Груевски.

Тој ја нападна СДСМ и нејзините министри во владата.

По оваа криза имаше и некои други работи ки испливаа на површина. Имаше луѓе ки викаа дека СДСМ долг време не била во власта и да видиме како ќе се донесува. Видовме како се однесуваат, бараа шест месеци, добија девет месеци власт. СДСМ доби шанса народот да види како работат, но тоа се три класи послаби од нас. Видовме луѓе кои со месеци беа фокусирани кој со каква кола ќе се вози, кој ќе го наполни попрво кабинетот со партиски луѓе, една безидејна екипа, еден куп лажговци, кои денес зборуваат едно а утре сосема друго.

Сите што мислеа дека тие се промениле се уверија дека оваа партија не само што не напредувала, туку уазадувала во сиот период. Напоразително беше кога ја донесоа одлуката за тоа кој да биде шеф на информативната програма на МРТ. Сите можни организации од светот ги активираа со цел земјата да се најде во ензавидна позиција за медиумите. Морам да признаам дека во голема мера успеааја да ја оцрнат државата надвор.

Се нафати СЈО да биде главен инструмент на СДСМ и Заев, оддржаа еден куп спектакуларни прес конференции со обвиненија без да имаат еден доказ, барем еден доказ. Планираат доколку имаат прес конференции и покани за на суд без правна основа дека на тој начин ќе влијаат кај народот.

Сите кои сакаат на нечесен начин да дојдат на власт, не само што нема да ја остварат таа цел туку колку повеќе се обидуваат на вакви начини, толку поголема ќе биде победата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со давањето на можност да имаат извршна власт на СДСМ се даде и можност на неопределните граѓаните да видат и да направат разлика кај СДСМ од она го говори и она што го прави, добро е што народот ја виде алчноста за скапи коли и мебели, рече Груевски.

Во перидот до изборите од опозицијата и нивните помагачи не може да очекуваме ништо различно-хаотичност, деструкција, СЈО, но силата им ја видовме. Аргументи немаат, поддршка од народот немаат, ќе се обидат изборите да ги прогласат за неважечки само да се одржат во политичкиот живот. Но тоа нема да им помине, ќе ги издржиме уште малку, 11 декември е за осум недели, две години ги трпевме, уште осум недели ќе поминат и ќе се соочат со реалност и волјата на народот на Македонија, рече Груевски.

Во моментите кога енма да се занимаваат со деструкција, ќе ветуваат нешто. Лидерот нивни знае да ветува и да лаже. На почетокот велеше дека не го познава Верушевски, сега гушнати шетаат по Скопје. Не се знаеше и со Чаушот, па испадна дека се знае, рече Груевски.

Ќе видиме на 11 декември дали може да го излажат народот, тогаш народот ќе им го даде одговорт, и ќе им даде порака дека нема играње со нашиот народ. Знам дека 11 декември е денот кога целиот народ ќе покаже дека има сила, дека граѓаните добро ја знаат вистината за Македонија, кој работи и создава за оваа држава.

Нема да дозволиме филмот на Заевци и Верушевци да стане реалност, 11 декември е важен ден за Македонија, тоа е денот кога секој може да покаже во каква Македонија сака да живее и затоа на овие избори не е потребна само победа, туку е потребна поддршка за 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, за стабилна и сигурна Македонија, 63 пратеници кои ќе значат силна порака за сите кои го навредуваат народот и крај на црните и мрачни сценарија на Заевци и Верушевци. Тоа ќе значи мнозинство кое никој ќе нема право да го уценува. Спремни се за мноху работи, да отстапат многу нешта, спремни се и за двијазичност во државата за пратеникповеќе, и кичма да виткаат и интереси државни да продаваат, затоа се потребни 63 пратеници. Да не им се остави ниту малку простор и надеж дека можат да се ценкаат и лицитираат, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450