Традиционална жетва на ориз во Кочани

Од:

На оризовите полиња на Институтот за ориз во Кочани денеска беше демонстрирана рачна жетва на ориз и вршидба на оризова арпа на гумно со ѕевгар.

Традиционалниот обичај рачна жетва на ориз со срп ја почна годинашната жетварска убавица Сандра Петрова, а членовите на Здружението на пензионери од Кочани ги презентираа сите обичаи поврзани со жетвата на орзот, собирањето на оризовиот клас и вршидба на гумно.

Настанот кој предизвика голем интерес кај граѓаните од регионот го следеа гости и учесници на манифестацијата „Кочански денови на оризот“, како и бројни посетители.

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровцски изјави дека Кочани 25-ти пат ги слави деновите на оризот, како заштитен бренд на ова подрачје.

– Очекуваме годинава да имаме богат род. Од насеаните 4500 хектари под ориз во Кочанско, се очекуваат рекордни приноси и по 6.500 килограми од хектар. Настојуваме како општина да го решиме проблемот со цената, откупот и пласманот на оризовата арпа и белиот ориз, во соработка со надлежните иституции од државата, истакна Димитровски.

Перица Јовановски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна дека состојбата на пазарот со ориз е проблематична.

– Има вишок на ориз. Како ресорно министерство во соработка со државата ќе настојуваме да го надминеме проблемот со оризот, при што ќе ги употребиме сите законски регулативи за надминување на состојбите. Како еден од можните начини е дополнителното плаќање за предаден килограм оризова арпа и бел ориз, истакна Јовановски.

На годинашната манифестација „Кочански денови на оризот“ за најуспешен земјоделец од Кочанско беше прогласен Ванчо Трајчев, земјоделец од населбата Оризари, кому Општината му врачи парична награда од 80 илјади денари.

Пред кочанчани во Паркот на револуцијата во Кочани настапија групата „Љубојна“ и оркестар Џамбо Агушев.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски