14 либиски војници убиени во жестоките борби со ИД во Сирт

Од:

Најмалку 14 борци на силите на меѓународно признатата либиска Влада вчера се убиени во Сирт во текот на новата офанзива против последниот сектор од крајбрежниот град што остана под контрола на џихадистичката група Исламска држава, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на медицински извор.

Поголемиот дел од загинатите војници биле погодени од снајперски оган.

Силите на либиската Влада на национално единство покрај 14-те убиени имале и меѓу 25 и 30 ранети војници.

Последните остананати џихадисти во Сирт се забарикадирани во станбен регион со куќи и згради со површина од  квадратен километар.

Американските воени авиони бомбардирале две згради, во кои снајперистите од Исламска држава имале свои позиции.

Сирт се претвори во бастион на џихадистичката група во Либија.

Силите на меѓународно признатата влада на 12 мај почнаа офанзива за освојување на родниот град на покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. До овој момент тиа имаат над 550 жртви и околу 3.000 ранети војници. Загубите на џихадистите не се знаат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски