Панел дебата на ВМРО-ДПМНЕ: Отворени се 160.000 нови работни места

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска со панел дебата во Македонската опера и балет, го почна тридневниот отчет за постигнувањата на партијата, проектите, но и за нејзините генерални политики.

Воведничарот на дискусијата Александар Ѓорѓиев на отворањето рече дека почнуваат со економијата, која, како што наведе, е стратешка определба на партијата уште од првиот ден на мандатот.

– Во 2006-та година за потсетување стапката на невработеност беше околу 38 проценти, денеска таа е намалена на 24 проценти и тоа е голем успех, особено доколку се земе предвид периодот во кој што доаѓа до намалување на оваа бројка – имаме светска економска криза, европска должничка криза, турбуленции на политичката сцена на домашен план во Република Македонија. Се разбира тоа не е резултатот од кои што сме задоволни, се разбира дека ќе продолжиме со уште поголема посветеност и уште поголема мотив, поголем интензитет, за да успееме да ја симнеме стапката на невработеност на што пониско ниво, рече Ѓорѓиев.

Посочи дека фактите говорат оти во овој период се отворени 160 илјади нови работни места.

– 160 илјади луѓе, граѓани на Република Македонија кои што порано не работеле денес работат, 160 луѓе кои што порано седеле дома денеска одат на своите работни места и остваруваат приходи. Тоа се дополнителни приходи за десетици илјади семејства во Република Македонија, рече Ѓорѓиев, кој ја води дискусијата.

Тридневните активности на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат фокусирани и на земјоделството, културата, спортот, за поддршката на ранливите категории граѓани, за здравството, за здравата животна средина. Ќе се дискутира и за државата низ призма на законодавната и извршната власт, а поссебен фокус ќе има и на положбата на жената во политиката и на проектите кои се посветени на жените во Република Македонија.

Предвидено е активностите да завршат со собир во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава