ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети, истото се реализира

Од:

„Нови 140 детски градинки ќе има. Граѓаните знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети, истото се реализира. Граѓаните знаат дека за разлика од деструктивната политика на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ настапува со конкретни проекти, рокови и финансиски средства за нивна реализација.

Дамјан Манчевски има познавања во економијата исто колку што аболицираниот криминалец Зоран Заев се разбира во нуклеарна физика. Раководството на СДСМ единствено што знае е да лаже и да манипулира.

Несреќниот Дамјан Манчевски не сфаќа дека Буџетот за 2017 година е наречен така, заради тоа што важи заклучно со 31 декември 2017. Мега проектот што го најави Претседателот Никола Груевски е предвидено да се реализира во наредните 4 години, што подразбира долгорочно буџетирање.

Средства за реализација на овој мегапроект на ВМРО-ДПМНЕ има и тој ќе се реализира бидејќи ВМРО е одговорна партија и ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните. Го повикуваме СДСМ да бидат искрени, да го надминат лицемерието и да го поддржат буџетот за 2017 година, овозможувајќи реализација на ваквите мега проекти.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните отворени се 52 градинки, а опфатот на деца во градинките е зголемен од 9% во 2006 година, на 26% во 2016 година“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски