ГРЕКО: Делумно или нецелосно имплементирани препораките од Македонија

Од:

Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО) денескa во Стразбур го објави Извештајот за Република Македонија. ГРЕКО притоа заклучува дека Република Македонија има имплементирано задоволително или се справила на задоволително ниво со само три од деветнаесет препораки содржани во Извештајот за евалуација од Четвртиот круг. Од останатите препораки, десет се делумно имплементирани, а шест не се имплементирани, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Извештајот за усогласеност ги оценува превземените мерки од страна на властите на Република Македонија за имплементирање на препораките дадени во Извештајот за Република Македонија од Четвртиот круг на евалуација што беше усвоен на 62-от Пленарен состанок на ГРЕКО (6 декември 2013 година) и објавен за јавноста на 17 март 2014 година по овластувањето од Република Македонија. Четвртиот круг на Евалуација на ГРЕКО се однесува на „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“.

Како што е наложено од страна на Правилата за процедурите на ГРЕКО, властите на Република Македонија поднесоа Ситуациски извештај за преземените мерки за имплементирање на препораките. Овој извештај беше примен на 26 јуни 2015 година. ГРЕКО мораше да ја одложи дискусијата за споменатиот извештај и разни други извештаи за усогласеност од Четвртиот круг со цел да се справи со големиот обем на работа кој се создал од незавршените процедури за усогласеност од Третиот круг. Властите поднесоа ажурирана верзија на извештајот на 6 јуни 2016 година. Овие поднесоци служеа како основа за Извештајот за усогласеност.

ГРЕКО избра Ерменија и Данска да назначат известувачи за процедурите за усогласеност. Известувачите се Ана Маргариан, за Ерменија и Мартин Ведел Стасен за Данска. Секретаријатот на ГРЕКО им помогна во составувањето на Извештајот за усогласеност.

ГРЕКО притоа заклучува дека Република Македонија има имплементирано задоволително или се справила на задоволително ниво со само три од деветнаесет препораки содржани во Извештајот за евалуација од Четвртиот круг. Од останатите препораки, десет се делумно имплементирани, а шест не се имплементирани.

Што се однесува на членовите на Парламентот, ни едно од препорачаните подобрувања не се имплементирани ни делумно. Одредени иницијативи се пријавени како елаборација на кодексот на однесување за парламентарци, но оваа и други реформи се во застој уште во рана фаза.

Што се однесува до судиите и обвинителите, Република Македонија има направено подобрувања. Само судиите кои го положиле конкуретното испитување и кои го посетувале курикулумот на Академија за судии и јавни обвинители можат да бидат регрутирани. Нови Кодекси за судиска етика и за обвинители е усвоени во 2014 година – но се уште коментарите со објаснувања и насоките не се доволни за да го направат Кодексот полесно применлив во ситуации од секојдневната пракса.

Подготвени се Уставни амандмани за укинување на членувањето по службена должност на министерот за правда во Судскиот совет и воведување на можност за жалба (пред Уставниот суд) против одлуки на Советот за назначувања и унапредувања. Во исто време, Советот е потребно, со почеток од 2015, да ги образложува своите одлуки и унапредувања.

Ова се примери за половични подобрувања. Како резултат на политичката криза, процесот на усвојување на предлог уставни амандмани, предлог Закон за судови, предлог Закон за јавното обвинителство и предлог Закон за спречување на корупцијата се стопирани во рана фаза. Во други случаи, информациите доставени до ГРЕКО не се доволно конкретни или релевантни за да демонстрираат дека е постигнат конкретен прогрес.

Во поглед на горе кажаното, ГРЕКО забележува дека во отсуство на крајни достигнувања, понатамошен значаен материјален напредок е потребен за да се демонстрира прифатливо ниво на усогласеност со препораките во периодот од следните 18 месеци.

Меѓутоа, имајќи на ум дека неколку значителни реформи се во тек и со разбирање дека властите ќе продолжат во своите напори, ГРЕКО заклучува дека моменталното ниско ниво на усогласеност со препораките не е „глобално незадоволително“ во однос на Правило 31, параграф 8.3 од Правилата за работа на ГРЕКО.

ГРЕКО го поканува Шефот на делегација на Република Македонија да достави дополнителни информации за имплементацијата на останатите препораки до 31 јануари 2018 година.

Извештајот за усогласеност ја оценува имплементацијата на секоја поединечна препорака содржана во Извештајот за евалуација и одредува целокупна проценка за нивото на усогласеност на членката со овие препораки. Имплементацијата на било која истакната препорака (делумно имплементирана или неимплементирана) ќе биде оценета врз основа на следен ситуациски извештај кој ќе биде поднесен од страна на властите 18 месеци по усвојувањето на овој Извештај за усогласеност.

Како воведен коментар, властите на Република Македонија упатуваат на тоа дека по усвојувањето и објавувањето на Извештајот за евалуација, многу проекти биле иницирани со цел да се имплементираат препораките. Меѓутоа, периодот до сега беше обележан со комплексна политичка состојба која меѓу другото ја блокираше работата на Парламентот, вклучително и серија на измени на закони и други амандмани кои се потребни за имплементирање на неколку препораки дадени во Четвртиот круг на евалуација, особено, предлог Уставни амандмани (кои се во третата и последна фаза), Предлог Закон за судовите, Предлог Закон за јавното обвинителство, Предлог Закон за спречување на корупцијата како и Етичкиот кодекс за Парламентот.

За целите на овој извештај во насока на утврдување на актуелниот статус на предлог легислатива и други измени кои се во постапка, ГРЕКО има предвид дека гореспоменатата политичка состојба предизвика значајни немири на домашната сцена и критики од меѓународната заедница кои интервенираа да се преговара исход од ситуацијата.

Извештајот е објавен со одобрение на македонските власти.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он