Одиграни се последните девет натпревари од 3.коло од континенталните квалификации за Светското фудбалско првенство 2018. Црногорците синоќа ги освоија бодовите на гостувањето кај Данска, неефикасно реми одиграа Словенија и Англија, Германија рутинирано против Северна Ирска.
Резултати и табели во групите Ц, Е и Ф:
Ц група: Германија – Северна Ирска 2:0, Чешка – Азербејџан 0:0 и Норвешка – Сан Марино 4:1.
Табела: Германија 9 бода, Азербејџан 7, Северна Ирска 4, Норвешка 3, Чешка 2 и Сан Марино 0.
Е група: Данска – Црна Гора 0:1, Казахстан – Романија 0:0 и Полска – Ерменија 2:1.
Табела: Црна Гора 7 бода, Полска 7, Романија 5, Данска 3, Казахстан 2 и Ерменија 0.
Ф група: Словенија – Англија 0:0, Словачка – Шкотска 3:0 и Литванија – Малта 2:0.
Табела: Англија 7, Литванија 5, Словенија 5, Шкотска 4, Словачка 3, Малта 0.