Металург поразен на гостувањето кај ППД Загреб

Од:

Ракометарите на Металург го претрпеа и четвртиот пораз во регионалната СЕХА лига.

Металург вчера вечер, на гостувањето во Хрватска, загуби од ППД Загреб со 29-20 полувреме 13-10.

Во победничката екипа по пет гола постигнаа Ситпе Мандалиниќ и Тин Контрец, додека по пет гола за македонскиот вицепрвак постигна Никола Стостески и Милош Драгаш.

Следен противник на Металурге во СЕХА лигата е екипата на Горење Велење против која тимот од Автокоманда ќе игра на гостински терен во Словенија следниот вторник (18 октомври).

Вечерва македонскиот шампион Вардар пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ ќе се обиде да ја продолжи низата од шест победи во регионалнато натпреварување бидејќи црвено-црните важат за апсолутни фаворити во дуелот против екипата на Извиѓаќ која во досегашните пет средби има исто толку порази.

Табела: : Вардар 19 бодови, ППД Загреб 12, Веспрем 12, Мешков Брест 10, Целје 9, Горење Велење 6, Металург 4, Нексе 4, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ