Парламентарците од земјите членки на Советот на Европа со тајно гласање одлучија обвинителот Јован Илиевски да биде нов судија во судот во Стразбур, иако Комитетот за избор на судии во Европскиот суд за човекови права кој вршеше интервјуа со кандидатите, му предложи на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за судија од Македонија да ја избере Наташа Габер Дамјановска.
Таа имаше повеќе гласови од вториот кандидат, обвинителот Јован Илиевски но Советот на Европа со тајно гласање сепак одлучи поинаку од предложеното решение.
Во Извештајот што го објави Комитетот за избор на судии на Европскиот суд за човекови права минатата недела беше посочено дека Дамјановска е со најдобри квалификации.
Македонскиот судија ја презема функцијата од 1 февруари 2017 година, кога истекува деветгодишниот мандат на сегашната судијка Мирјана Лазарова Трајковска.