Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, oсобено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во текот на ноќта локално врнежите од дожд ќе бидат поинтензвни и се очекува да наврнат над 20 литри на м/2 .
Температурата ќе се движи од девет до 22 степени.
Во Скопје ќе биде облачно време со кратки сончеви периоди, а во попладневните часови со повремени врнежи од дожд, наместа со ретки грмежи.
Температурата ќе достигне до 17 степени.
Од четврток се очекува стабилно и потопло време.