Иванов: Неодлучноста на ЕУ да ја деблокира интеграцијата причина за кризата во земјава

Од:

Неодлучноста на Унијата да ги надмине блокадите и заморот од проширувањето доведе до ретроградни процеси во Југоисточна Европа. Наместо да го европеизира Балканот, Европската Унија се балканизираше. Сега е време Европската Унија повторно да се европеизира себеси, а со тоа и Балканот, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој се обрати на конгресот на Пан-Европа, што се одржува во Виена, во организација на Меѓународната Паневропска унија, а по повод 90 години од одржувањето на првиот Паневропски конгрес во 1926 година.

Претседателот Иванов, кој се обрати на панел дискусијата посветена на проширувањето на Европската Унија, посочи на одговорноста што Брисел ја има кон балканските држави. Во таа насока, претседателот апелираше Унијата да најде сила да ја продолжи интеграцијата на земјите од нашиот регион. Укажувајќи дека идејата за отворен и обединет европски континент е неостварлива без интегриран Балкан, а процесот на проширување е значаен трансформирачки фактор за државите во регионот, Иванов ја реафирмираше одлучноста на Република Македонија за членство во Европската Унија.

Иванов посочи дека неодлучноста на Европската унија и НАТО да ја деблокираат интеграцијата на Република Македонија беше една од главните причини за политичката криза во Македонија што кулминираше оваа година.

– На Балканот повторно имаме ретроградни процеси. Реториката меѓу балканските држави од ден во ден се заострува – истакна македонскиот претседател, додавајќи дека поради заморот од проширувањето и привлечната сила на Унијата е опадната.

Осврнувајќи се на состојбите во Европската унија, Иванов порача дека eвропските лидери треба да помогнат во градењето механизми за брзо носење одлуки во услови на криза. Посочувајќи дека Европа се соочува со неразрешена финансиска криза, актуелна мигрантска криза и сe посериозната безбедносна криза, Иванов апелираше на потребата од одржливи решенија за проблемите.

– Јазот меѓу заедничките цели на Европската Унија и посебните интереси на државите членки е сe поголем. Се покажа дека бирократските европски механизми не се во состојба да го расчистат патот од натрупаните кризи – рече претседателот Иванов, констатирајќи дека состојбите во ЕУ во моментов не се добри, и дека Унијата мора да најде сила и да одговори на потребите на европските граѓани.

Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од страна на Ричард Куденхове Калерги, а нејзините членови се залагаат за политички и економски обединета Европа.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски