ФЗОМ: Почувствуван бенефитот од зголемената капитација за матичните лекари

Од:

Вкупно 40 нови тимови на матични лекари склучија договор со ФЗОМ по зголемувањето на капитацијата од 50 на 55 денари, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) Сашо Стефаноски на средбите со матичните лекари во Велес.

Новата мерка на ФЗОМ стапи во сила од 1 јули 2016 година со цел поквалитетна грижа и подобрување на здравствената заштита на осигурениците.

Како што информира Стефановски, средствата за зголемувањето на капитацијата се обезбедени од буџетот на Фондот за 2016 година, почнувајќи од 1 јули 2016, а фискалната импликација во делот на зголемувањето на капитацијата за матичните лекари е 188 милиони денари годишно.

– Фондот издвојува значителни средства за дејноста општа медицина. За 2016 година ќе бидат исплатени околу 1,930 милијарди денари за матичните лекари, истакна директорот.

Ова зголемување, додаде, е само една од мерките кои Фондот континуирано ги презема за обезбедување поквалитетна здравствена заштита. – Од особено значење е фактот што 40 нови лекари од дејноста општа медицина склучија договор со Фондот, што значи поголема здравствена заштита за нашите осигуреници. Ова е истовремено и стимул за лекарите да вложат во своите ординации и да обебзедат поквалитетна здравствена заштита за нашите осигуреници, напомена Стефановски.

Доктор Лилија Чолакова Дервишова ја истакна важноста од професионалниот однос што ФЗОМ го негува со матичните лекари, но и слухот што го има за потребите на лекарите.

– Многу сум задоволна што Фондот има разбирање за нашите потреби, го вреднува нашиот став и одлучи да го зголеми капитацискиот бод. Тоа во пракса значи дека можеме да располагаме со средства што навремено и континуирано ни се исплаќаат и со кои обезбедуваме квалитетни здравствени услуги за нашите пациенти во ординациите. Меѓутоа, оваа е само една од мерките во низата што Фондот ги презема за подобрување на вкупната состојба за матичните лекари, кои се капија на здравствениот систем, како што е релаксирање на казнената политика, рече Чолакова Дервишова.

Стефаноски напомена дека овие мерки се преземаат со цел да обезбедат добри услови за работа на здравствените работници кои ќе бидат помотивирани да се грижат за здравјето на осигурениците.

Директорот имаше средба со вработените од подрачната служба на ФЗОМ во Велес каде, како што информира Фондот, стана збор за задоволството на осигурениците од услугите и за успехот на другите проекти кои ФЗОМ ги спроведува.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен