Репрезентацијата на Аргентина гостувањето во Лима кај Перу одигра нерешено 2:2, во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.
Иако „гаучосите„ во два наврати имаа преднос со головите на Мори и Игуаин, домашната селекција на Перу успеваше да го израмни резултатот. По неочекуваниот исход и само едниот освоен бод, Аргентина од третото падна на шестото место на табелата.
На останатите натпревари од јужно-американската квалификациска зона беа постигнати овие резултати: Еквадор – Чиле 3:0, Уругвај – Венецуела 3:0, Парагвај – Колумбија 0:1 и Бразил – Боливија 5:0
Табела: Уругвај 19 бодови, Бразил 18, Еквадор 16, Колумбија 16, Аргентина 16, Парагвај12, Чиле 11, Перу 8, Боливија 7 и Венецуела 2.
Натпреварите од следното 10 коло на програмата се на 10 и 11 октомври.