Во САД за две години исчезнале 44 авганистански војници на обука

Од:

Во последните две години во САД исчезнале 44 авганистански војници, кои во оваа земја биле испратени на воена обука, веројатно во обид илегално да останат да живеат и работат во земјата, информираа официјални претставници на Пентагон, а пренесуваат британските медиуми.

Медиумите навеудваат дека иако бројот на исчезнувања е релативно мал, бидејќи од 2007 година до сега вкупно на воена обука во САД престојувале околу 2.200 припадници на авганистанските сили, овие инциденти го отвораат прашањето за безбедноста и процедурите на проверка кај ваквите програми.

Британските медиуми наведуваат дека ова откритие може да биде понижувачко за администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, која потрошила милијарди долари за обука на авганистанските сили во обид земјата да ја извлече од  скапата 15-годишна војна во Авганистана.

Откритието може и да ги запали критиките кои пристигнуваат од приврзаниците на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој ја обвини администрацијата на Обама за невнимателност при проверките на имигрантите од мнозински муслиманските земји и се заложи за многу поостар пристап во случај на победа на ноемвриските избори.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти