Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов кога беше професор на МИТ донесе боледување со сериозна дијагноза со која не смее да биде професор, обвини сопственичката на МИТ Универзитет, Билјана Апостолова.
– Дали таа дијагноза е добра за функцијата која ја има нека си определат институциите во министерството каде што е вработен, рече Апосотолова.
Таа не сакаше да каже за која дијагноза се работи, но предупреди дека и тој и Тони Науноски се заканувале на сите колеги од Универзитетот. Апостолова истакна дека при претресот во нејзиниот дом, полицајците цело време разговарале со Андонов.
– Со Оливер Андонов имавме проблем цела 2016 година во начинот на комуникацијата меѓу Андонов и мене и Андонов и ректорот. Најдов списи дека во 2013 година имал опомена и од тогашниот ректор на МИТ. Тој не доаѓаше на работа, постојано беше по телевизии, рече Апостолова.
Апосотлова рече дека Андонов и Науноски при оставките кои си ги дале од МИТ, тие поднеле и сериозни обвинувања за правниот факултет и факултетот за психологија при универзитетот.
– Науноски малтретираше колеги и студенти од понежниот пол. Една вработена си замина поради тоа, но јас не поверував, бидејќи до сега се немаше тоа случено, рече Апостолова.
Откако напуштиле од МИТ, рече сопственичката на Универзитетот, на Оливер Андонов и Тони Науноски им биле одземени титулите Доктор на науки, но не кажа од која причина.
А1он се обиде да контактира со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, но тој не одговори на повиците.
Александар Тодески