Сообраќајка на Оливер Андонов, повредена една жена

Од:

Ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на ЈП „Јасен“ Оливер Андонов учествувал во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во близина на последна „петка“, дознава „А1он“. Информацијата ја потврди МВР.

„На 17.01.2019 околу 15.45 часот на бул. ‘АСНОМ’ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистерски таблици, управувано од О. А. и патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.М. Досега е пријавено едно повредено лице М.С., која е пренесена во Градската општа болница “Св. Наум Охридски” во Скопје“ велат од полицијата за „А1он“.

Неофицијално повредената има контузија на градниот кош и изгребаници на десното колено. Повреден е и возачот кој има контузија на ‘рбет и повреда на десната нога.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени