(ВИДЕО) Трајанов: Поднесов нов закон за СЈО, ќе го изгласаме и без ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов утрово до Собранието повторно ги достави законот за заштитени сведоци и законот за Специјално јавно обвинителство.

Законите се доставени во редовна процедура, со цел, како што вели тој, сите пратеници да може да искажат свој став зошто бараат или не сакаат промени во овие два закона.

– Долго време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврдеше едно, па се менуваа работите. Можно е неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат измените во законите. Има можности законите да поминат и без нивна поддршка, но треба сите останати пратеници да гласаат, рече Трајанов.

Тој вели дека вчера Собранието работело навистина брзо, а законите биле ставени на дневен ред утрото со цел дел од пратениците да не успеат да присуствуваат на гласањето.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули