А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да поддржиме необјективно работење на СЈО

by А1он05/10/2016 - 09:31122
Share0

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го прикрива или поддржува непрофесионалното, незаконското и необјективното работење на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наведува денеска во соопштение владејачката партијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Се што беше договорено меѓу четирите партии е вклучено во Законот за СЈО. Тоа што СЈО преку СДСМ го побара вчера, не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза во која што СДСМ ја втурна државата. Круна на тој договор се изборите на 11-ти декември на кои граѓаните ќе одбираат меѓу просперитет и проекти, а од друга страна политика на деструкција, манипулација и криза, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот меѓу партиите, посочуваат од партијата, подразбираше и формирање на СЈО кое ќе има рок од 18 месеци за да отпочне истраги за предметите за кои ќе има дури и најмал сомнеж. – Партиите консултираа експерти и се договорија за сите детали, почнувајќи од Буџетот, па се до кадровското екипирање. ВМРО-ДПМНЕ се согласила на формирање на ваква паралелна институција затоа што, како што стои, „знаевме дека вистината е на наша страна и дека ова време е доволно за во законска процедура да излезат на виделина сите манипулации на лидерот на СДСМ Зоран Заев“.

– ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го прикрива или поддржува непрофесионалното, незаконското и необјективното работење на СЈО.
Нема ништо разумно во тоа што Катица Јанева избрка две обвинителки со образложение дека немала потреба од нив заради обемот на работа и што со месеци го чекаше Зоран Заев да и ги предаде незаконските материјали. Во сиот период таа ниту еднаш не го обвини за попречување на работата на СЈО, а материјалите ги доби откако го ослободи од притвор Зоран Верушевски, чија сопруга за тоа му се заблагодари на Заев, се наведува во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според партијата, нема ништо разумно да одложувате едно рочиште за цел месец заради свадба или приватни обврски, а за вашата работа земате огромна плата од државата, и да настапите како политичар и да барате нешто од Собранието, а истовремено го прогласувате за нелегитимно и знаете дека Вие не сте Суд туку само странка во постапката која ќе треба да ги докажува своите сомнежи.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:15

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 10:57

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 13:5412/05/2026 - 14:39

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто