Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе престојува во посета на Охрид.
За време на посетата Ивановски пред студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе ја презентира владината иницијатива за Отворено владино партнество и ќе ја претстави веб страницата opendata.mioa.gov.mk.
Потоа министерот Ивановски ќе присуствува и на официјалното пуштање во употребата на електронската продавница „Macedonian Handicrafts“.