Во ГЕМ клубот во четврток, (6 октомври) ќе се одржи предавање на професорот Борут Клабјан од универзитетите во Копар и Фиренца, со наслов „Југославија на работ-Претставите за Југославија во спомениците на италијанско-југословенската граница по втората светска војна“. Предавањата се поврзани со неговите истражувања во доменот на политичката, дипломатската и културната историја на Европа во 19 и 20 век со посебен фокус кон северно-јадранската зона.
Во ова предавање тој ќе се осврне на културата на сеќавање за социјалистичка Југославија во пограничната зона на Италија и Словенија кои се дел од неговото најново интердисциплинарно истражување за историската меморија и новите форми на идентификување во современа Европа.