Зголемен приливот на нови бегалци на Хиос

Од:

На грчкиот остров Хиос во последните три дена пристигнале голем број мигранти и бегалци, со оглед на тоа што минатата недела на овој остров не беа регистрирани нови пристигнувања.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во изминатите три дена на Хиос пристигнале 230 мигранти и бегалци, на Лезбос 42, а на Самос се регистрирани 54 нови лица.

Грчката полиција соопшти дека бројот на мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција и се уште се заглавени на грчките острови, денеска достигна 10.585 лица.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија