Талибански борци навлегоа во авганистанскиот град Кундуз, извршувајќи напад од четири страни, јави локалната полиција.
Нападот започнал околу полноќ и се уште се водат борби во и околу градот.
– Вложуваме максимални напори за да се спротиставиме, истакна висок полициски службеник.
Нападот е извршен во моментот кога талибанците ги засилуваат операциите на различни места во Авганистан, вклучително и во стратешката јужна провинција Хелманд, каде се закануваат со напад на локалниот административен центар Лашкар Гах.
Кондуз минатата година, краток период беше преземен од талибанците, а во април беше под сериозна закана.