Екипата на Рен ја постигна и четвртата победа на домашен терен, откако во првиот дуел од 8. коло од француската Лига 1 синоќа го совлада Генгамп со 1:0.
Решавачкиот гол за домашните го постигна Адама Диахаби во последната минута и со тоа екипата на Рен ја искористи предноста по исклучувањето кај гостите, откако Мустафа Диало во 64. минута доби црвен картон.
Денеска се играат следните натпревари: ПСЖ – Бордо, Каен – Тулуз, Дижон – Монпеље, Лил – Нанси, Мец – Монако и Нант – Бастија.
Колото ќе биде комплетирано утре: Анже – Олимпик Марсеј, Ница – Лориен и Олимпик Лион – Сент Етиен.
Табела: Ница 17 бодови, Монако 16, Тулуз 14, ПСЖ 13, Бордо 13, Мец 13, Рен 13,…