Од 5 октомври двојно ќе се намали чекањето за уролог

Од:

Од 5 октомври, наместо двапати, пациентите еднаш ќе одат на уролог за хиперплазија на простата со веќе направено ехо и ПСА анализа, соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Ова е новата мерка со која, рече Тодоров, двојно ќе се намали бројот на упати за урологија и ќе се ослободат преку 30.000 термини. 

– Со оваа мерка сериозно ќе се намали времето на чекање за околу или под седум дена, односно ќе се зголеми достапноста до оваа специјалност, ќе се олесни работата на лекарите, ќе се забрза прегледот и нема за еден пациент да се одвојуваат два термина за иста работа, напомена Тодоров.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем