„Мост“ бара да се испита случајот со личните карти во Ресен

Од:

Откако во јавноста се појавија информации дека Македонци од Мала Преспа се носат да вадат лични карти на адреси во Ресен за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на наредните избори, од граѓанската асоцијација „Мост“ велат дека со внимание ги следат информациите во врска со овој случај и бараат неколку одговори од институциите.

„Ние случајот го следевме преку медиумите и веќе имаме издадено став по ова прашање“, рече во интервју за радио Слободна Европа, директорот на „Мост“, Дарко Алексов.

„Тоа што е важно да се утврди во дадениов случај се три работи. Прва работа е да се утврди дали тие луѓе се запишани во избирачкиот список или не. Втората работа е, ако се запишани во избирачкиот список, каде гласале на претходните избори и од кои општини мигрирале во општината што ја споменавте. И третата работа е дали откако ќе им се издадат или им се издале, не знаеме се уште, пасоши и лични карти, дали тие луѓе ќе бидат избришани од избирачкиот список во оние општини кадешто претходно биле заведени како гласачи и го остварувале или не го оствариле своето право на глас. Тоа се трите работи за кои во оваа фаза треба да се добијат информации. Ние и тогаш, еве и сега даваме апел до институциите да постапат по тоа прашање и да одговориме на овие прашања, со што би се добило на транспарентност и на доверба во самиот избирачки список и во самиот избирачки процес што следи“, вели Алексов.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада