Специјалната јавна обвинителка пред 11 часот пристигна во Советот на јавни обвинители каде треба да го предаде извештајот за шесмесечното работење на СЈО.
Таа и покрај вчерашниот ултиматум од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски да се појави на комисиската расправа или нема да бидат усвоени иницијативите за поефикасна работа на СЈО, сепак нема да се појави.
-СЈО ја исполни својата обврска и го презентираше својот извештај, а прашањата кои останаа неодговорени немаат никаква врска со извештајот. Јанева јасно кажа дека нема да присуствува на комисиската расправа повеќе, а ние не сме тука да ни се поставуваат ултиматуми. Јанева ја исполни својата обврска, единствено ќе се појави само на пленарната седница во Собранието, информираше обвинителката Ленче Ристоска.