Обвинителката Ленче Ристоска потврди дека Коста Крпач бил сведок на СЈО и за предметот „Трезор“ како и дека обебедил информации и за други истраги и предмети кои ги истражува обвинителството. Ристоска не потврди дали Крпач добивал закани од овие исти функционери, но кажа дека сите докази кои ги поседуваат ги дале на Основното јавно обвинителство каде се води истрага дали тој се самоуби или е убиен.
Таа кажа дека сите транскакции на пари се вршени преку фирмата на која бил управител, а со сопственост во САД, но го остави како отворено прашањето кој всушност стои зад фирмата.
Ристоска не ги откри идентитетите на функционерите од УБК и МВР, но посочи дека имале високи позиции.
Во текот на денот за секој од нив поединечно ќе бидт побарани содветни мерки, како и замрзнување на имотот.
Ристоска кажа дека набавената опрема не е уништена, и најави дека во тек е истрага од која најверојатно подоцна ќе произлезат обвиненија.