Kатица Јанева во исто време на три места, ја чекаат и новинари и обвинители и пратеници

Од:

Денска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во исто време треба да биде на три места.

Во 11 часот пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Ова го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој се уште размислува дали седницата ќе биде отворена за новинарите.

Во исто време Јанева ја очекуваат и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, за пратениците да можат да продолжат со расправата.

Претседателот на собраниската комисија, Влатко Ѓорчев, двапати ја одложува седницата поради тоа што Јанева не присуствувала, иако таа напуштајќи ја седницата јасно кажа дека нема намера да се врати во комисијата бидејќи пратениците и вршеле мобинг. Таа најави дека ќе се појави само на пленарна седница.

Еден час претходно, во 10 часот, Специјалното јавно обвинителство ќе има средба со новинарите за ново отворената истрага која носи работен назив „Трезор“ .

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов