Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага со работен назив „Трезор“. СЈО детали за овој нов случај ќе соопшти на прес-конференција утре во 10 часот.
„Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор““, информираат од СЈО.