Ерупција на вулканот Баруџари на индонезискиот остров Ломбок

Од:

На индонезискиот монденски остров Ломбок денеска еруптираше вулканот Баруцари, при што  исфрли пепел во височина од 2.000 метри, информира портпаролот на Националната агенција за управување со природни несреќи, пренесе ДПА.

Вулканот Баруџари, како дел од вулканскиот комплекс Ринџани, може да предизвика нарушување на летовите кон и од меѓународниот аеродром на островот, додаде портпаролот, цитиран од ДПА.

– Луѓето во регионот се советувани да бидат внимателни, рече тој.

Аеродормот на островот Ломбок и блискиот остров Бали, минатата година во повеќе наврати беа затворани заради вулканска активност, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници