Референдум во Азербејџан за зголемување на овластувањата на претседателот Алиев

Од:

Азербејџанците гласаат на референдум за уставни промени со кои треба значително да се зголемат сегашните овластувања на претседателот на државата Илхам Алиев.

Со предложените промени, се предвидува значително намалувања на возрасната граница за претседателските кандидати, создавање нова државна функција – потпретседател на земјата, со големи овластувања, како и продолжување на мандатот на претседателот.

Уставните промени предвидуваат и можност, шефот на државата да може да го распушти Парламентот, тогаш кога тој ќе посака.

Алиев е на претседателската функција од 2003 година и во изминатите години тој успеа да се ослободи од сите свои позначајни политички противници.

Референдумот во оваа поранешна советска република, богата со нафта, доаѓа по апсењето на десетици политички активисти на опозицијата.

Во затвор е и Илтар Мамадов, лидер на прозападната опозициска партија РЕАЛ, кој набљудувачите во Баку го означуваат како еден од главните политички противници на Алиев, како и низа други продемократски политичари и активисти.

Опозицијата која се противи на референдумот, тврди дека уставните промени ќе треба да ја „зацементираат власта на семејството на Алиев“, на неговата сопруга и на 19-годишниот син, на кого се гледа како на наследник на претседателската функција.

Претседателот на опозициската партја Народен фронт, Али Керимли изјави дека референдумот прави терен за вклучување на семјството на претседателот во врвот на власта во Азербејџан.

Политичките противници на власта тврдат дека претстои период од 90-годишна власт на семејството, зашто Илхам Алиев го наследи на функцијата својот татко, Гајдар Алиев, кој управуваше со Азербејџан цели 23 години, уште од распадот на Советскиот Сојуз.

Опозицијата предупредува дека телевизиските станици под контрола на власта, подолго време сугерираат дека сопругата на Алиев е најдоброто решение, да биде првиот потпретседател на Азербејџан, па дека понудените уставни промени се направаени и таа да се вклучи во управувањето со државата.

Би можело да ве интересира

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска

Објавена снимка од надзорната камера: Со „калашников“ пукаше кон амбасадата на Азербејџан во Иран, убиен чувар

А1он

ОН повикаа да се спречи обновувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

А1он

Романија, Азербејџан, Грузија и Унгарија потпишаа договор за подводен кабел за пренос на зелена енергија преку Црното Море

Ана Ололовска