Скопјанец отишол да донира крв, а завршил во завои

Од:

Дарител на крв, со намера да направи хуман гест, го вратиле дома искрвавен во рацете и без да донира.

Откако во два наврати нестручно го боцнале и иглата му излегла од вената, го советувале да не донира крв и да си замине дома.

– Денеска отидов на Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија со цел да дарувам крв. Иако ние дарителите нашата крв ја даваме од срце, со надеж дека на некого некогаш ќе му притреба, без да добиеме ништо за возврат тие како што имам информација истата ја продаваат по цена од 50 евра по литар крв.

Пристигнав, ме прегледаа, бев во добра здрствена состојба и дојде моментот кога требаше да за почне процесот на дарување. Седнав на едно од неколкуте столчиња така што се наместив да дарувам од левата рака. Ми пријде една вработена со кесето кое требаше да го исполнам со крв. Една друга вработена и довикна „чекај јас ќе го боцнам имам нараквици’“.

Првата и возврати „не, јас ќе го боцнам“ и ја зема иглата. Претходно околу триесет секунди ја пипкаше вената и ме боцна. Само што ме боцна рече „леле“. Јас погледнав и видов дека ја држи иглата и не ја пушта, крвта почна да протекува и наеднаш запре, а иглата се уште беше во мојата рака. Јас исплашено ја гледав а таа започна да ги повикува останатите и наеднаш околу мене се појавија вкупно четири вработени женски лица. Со паника ја ивадија иглата и заклучија дека иглата не била доволно длабоко вметната и не била вметната во вистински правец. Крвта течеше па со компресија ја запреа.

„Ајде сега на десната рака“, рекоа. Се преместив и ме боцнаа на десната рака. Само што реков добро ајде барем сега е добро, вработената која што ме боцна ми рече, „подигни ја раката да ставиме уште една подлога“.

Јас тоа не го побарав, ми беше удобно, ама вработената претпоставувала дека не ми е удобно како што рече потоа. Ја поткренав раката само неколку милиметри и иглата излезе самостојно од раката и почна да прска крв насекаде. Столчето беше направено со крв, масичката која стои до него исто така, подот, делот за потпирање на раката и секако моите алишта.

„Леле извини, ајде доста даруваш“, ми рече. Ми ја преврза раката и ја снема, потоа дојдоа други две кои почнаа да чистат и ми дадоа памук со алкохол за да си ја исчистам облеката иако крв не се вади туку така.

Изнервиран станав и си заминав без да им посакам пријатен ден, со помисла дали воопшто треба повторно да се одлучам да донирам крв. Се прашувам, како ли можат овие луѓе да го работат ова?! Па тие не се обучени како што треба и можат да му наштетат на секого. Јас бев само еден пример каде што тие можеа сериозно да ми го нарушат здравјето, а беа само на чекор од тоа. Не можам да поверувам дека отидов да направам едно добро дело а тие ме испратија нервозен, со помисла дали ќе бидам добро и ми направија материјална штета.

Наместо да ги тужам и со некаква си смешна оштета да се извлечат, јас решив ова да го споделам со сите со надеж дека понатаму нема да се повтори.

Морам да истакнам дека навистина добро ги исчистија сите површини кои беа со крв. Очигледно за професијата хигиеничар се одлично обучени, пишува скопјанецот.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада