При кратка расправа меѓу власта и опозицијата, во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, додека говореше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, независната пратеничка Солза Грчева се сврте кон СДСМ и им се обати со зборовите: Мајку ви ваша!
По ова Грчева веднаш ја напушти салата.
Во меѓувреме продолжи препукувањето меѓу владеачкото мнозинство и СЈО која ја обвинуваат дека ангажирала експерти од странство, иако тоа е дозволено со законот за СЈО.