Есенски ДОМА саем во три хали

Од:

Скопски саем од денеска до 2 октомври ќе биде домаќин на 4. Есенски ДОМА саем што ќе се одржи во три саемски хали. На саемот ќе може да се најде се за домот по намалени аутлет цени.

– На изложбена површина од 5,000 метри квадратни ќе бидат претставени парчиња мебел пред посетителите кои се заинтересирани да го преуредат својот дом или, пак, се во фаза на негова градба или реновирање. Оваа саемска манифестација се одржува веќе четврта година по ред и горди сме што сме организатори на единствен настан од ваков вид кој во својата понуда има квалитетни парчиња мебел по сезонски намалени цени, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проектот во Скопски саем

Влезот ќе биде бесплатен, а работното време на саемот е од 10 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Водечката компанија за опремување канцеларии во Регионот Адриа официјално отвори нов изложбен салон во Скопје

Предраг Петровиќ

Почнува Саемот на мебел 2023

Ана Ололовска

Прима е природен избор – природен дел од вашиот дом

25 години заедно, 25 години Мебел-Ви