МОК, федерациите и спортистите дадоа силна поддршка на мерките за унапредување на спортот

Од:

Во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска се одржа широка дебата на која претставници на Македонскиот олимписки комитет, спортисти и претставници на федерациите од колективните и индивидуалните спортови ги поздравија најавените мерки за развој и унапредување на македонскиот спорт предложени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и ги оценија како „револуција на спортот во Македонија“.

Директорот на АМС Марјан Спасески уште еднаш ги образложи мерките и ја нагласи заложбата на Владата и АМС спортот во државата да тргне по нагорна линија.

– Изминатите години инвестирањето во спортот, а посебно во спортската инфраструктура беше една од главните стратешки определби на Владата на Република Македонија. Вложувањето во спортот секогаш треба да се гледа од три аспекти, првиот аспект е вложувањето во подобрување на постојната и во изградба на нова спортска инфраструктура. Вториот столб е едукацијата на стручните тренери односно кадрите во спортот и секако третиот е масовноста, истакна Спасевски.

Тој додаде дека поради тоа што изминатиот период многу се вложуваше во спортската инфраструктура и дека реализацијата на новите мерки во спортот, ќе биде многу лесно да се спроведат.

– Во последните 10 години инвестирани се околу 100 милиони евра до сега, за реконструкција на постоечката и за изградба на нова спортска инфраструктура, вклучувајќи ја Арената „Филип Втори“ СЦ „Борис Трајковски“, 83 тениски терени, 64 повеќенаменски игралиште, 50-ина фудбалски игралишта, фитнес зони и други капитални инвестиции, посочи Спасески.

За развој на спортот во државата секако потребно е да се вклучи и приватниот сектор, за кого се предвидени низа поволности доколку одлучат дел од добивката да пренасочат во спортот.

Прва мерка која се очекува да биде воведена е „Обезбедување на средства од правните лица кои вршат приредување на игри на среќа и забавни игри во обложувалница”, која по некои првични проценки би донела 1,5 милиони евра на годишна основа, што би претставувал нов извор на финансирање за олимписките федерации и МОК. По тој основ беа дебитирани точките кои произлегуваат од оваа мерка како: намена, забрани, дополнителни мерки, контрола и сл.

Значајна поддршка за федерациите, спортските клубови, како и спортските поединци ќе произлезат од новите предлози преку соодветни даночни олеснувања а  во насока на поддршка на компании кои ќе финансираат спортска федерација или спортски клуб.

Посебно беа нагласени обврските на федерациите околу предлогот за членови на извршните одбори, околу начинот на добивање на средства добиени по пат на ослободување данок на добивка на спонзорите, како и Законот за јавни набавки, Законот за акционерски друштва, сметководство и познавање на Законот за спортот.

– Преку дебати и јавни расправи очекуваме забелешки и сугестии за подобрување на законските решенија кои треба да се реализираат во насока на имплементација на новите мерки, додаде директорот на АМС.

Генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски информира дека сите финансиски средства што ќе ги добијат со новите мерки ќе ги насочат директно кон спортистите за нивни подготовки и учества на турнири.

Од федерациите генерално побараа да се разгледа можноста за ослободување од плаќање давачки при добивање донации од странство во вид на спортска опрема и реквизити, а беше покрената и идеја за изградба на заеднички објект „Дом на спортовите“ каде ќе бидат сместени федерациите кои се среќаваат со просторни проблеми.

Првиот човек на АМС најави и други вакви јавни дебати се со цел да се дојде до правично решение кое ќе биде во насока на развој на македонскиот спорт во целина.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска