Протестна нота до Тирана за палење на македонското знаме

Од:

Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска апелираше граѓаните да не паѓаат под провокации и да се воздржат од акти на насилство, и најави дека сите вандали кои палат знамиња ќе бидат санкционирани. Истовремено, македонското МНР до Албанија испрати вербална нота за вчерашното палење на македонско знаме во оваа држава, додека премиерот Груевски беше таму.

Полицијата, според министерката открила дел од вандалите на последните инциденти, а по другите сеуште трага. За вчерашната провокација во Тирана, таа рече дека очекува најостри реакции од тамошните власти, брзо расчистување на случајот како и осуда на сторителите.

„Цениме дека ваквиот нецивилизиран акт не e во прилог на пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, особено што овој настан се случи по официјалната посета на Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на Република Албанија, на која двете земји ги потврдија добрососедските односи, меѓусебната доверба и пријателство. Оттаму, особено е значајно да не се дозволи да се нанесува штета на односите кои сакаме да се градат во европски дух“, реагира македонското МНР со протестната нота до Тирана.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски