Почнува есента

Од:

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 16 часот 22 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат облачно време со повремен ветер. Максималната температура ќе достиге до 23 степена.

Есента ќе трае 91 ден, до 21 декември во 11 часот и 44 минути кога настапува зимата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Почнува есента

Од:

Eсента почнува денеска во 22 часот и 44 минути. Во исто време, за жителите на јужната земјина полутопка почнува пролет. Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.

На северната хемисфера денеска е есенска рамноденица, а на јужната пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциумски ден). Всушност, поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денешниот ден ќе трае за околу 10 минути подолго од ноќта, па вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември.

Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри.

Во Скопје Сонцето ќе изгрее во шест часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со дневна температура од 18 до 24 степени.