(ВИДЕО) Шилегов до Јанева: Ќе направам се пратениците да ги прифатат измените кои ги побаравте

Од:

Жал ми е што двајца претседатели на судови постапувајќи спротивно на Законот и на општиот јавен државен интерес, се приклучија кон ова злосторничко здружение бранејќи ги. Мене ми е криво, ми е жал што овие луѓе овдека, кои што довикуваат во моментот кога ова го говорам со најдлабоките чувства што можам да ги имам како граѓанин и патриот на оваа држава. Довикуваат затоа што нив најмногу им е битен личниот интерес. Штитејќи го личниот интерес го штитат и интересот на злосторничкото здружение кое што во овој момент раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Осомничени за злосторничко здружение, луѓе кои што краделе избори, пари, кои што злоупотребувале моќ, влијание со цел да направат приватен посед од оваа држава, рече пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Госпоѓо Јанева, во вашето излагање до пратениците доставивте три барања. Од мене лично, а потоа и од политичката партија и коалиција на која што припаѓам како човек, ќе ја добиете поддршката за измени на законските решенија. Ќе направам се, без оглед колку уличарски да делуваат некои дофрлања и кај овие луѓе да се обидам аргументирано да им укажам на таквата потреба. Особено затоа што сакам да го ценам тоа што тие го тврдат, дека се целосно невини и дека вашата работа не се заснова на факти и аргументи, рече Шилегов.

Тој ги повика пратениците од власта ако навистина сметаат дека се невини да ги прифатат измените кои ги побара со Јанева, со што само ќе покажат дека не се виновни, во спротивно, ќе покажат дека се поддржувачи на обвинетите.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пак, побара пауза и како што рече, по паузата ќе одговори на сите прашања кои што беа поставени и кои што подоцна ќе и ги постават пратениците.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има