Променливо облачно со слаб локален дожд

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а во останатите делови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Од четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и  со свежи, а во повисоките места и студени утра. Ќе дува умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски