Обвиненијата од СЈО распоредени кај судии од Кривичен суд

Од:

Обвиненијата кои Специјалното јавно обвинителство ги достави до Кривичниот суд во четвртокот се распоредени кај двајца судии во согласност со електронскиот систем за распределба, велат од Судот.

Од таму не наведуваат кај кои судии се распоредени обвиненијата од СЈО, но појаснуваат дека овие постапки може да бидат поведени врз основа на обвинителен предлог или приватна тужба согласно членот 468 и членот 469 од Законот.

За разлика од претходните прес конференции кога Јавните обвинителки ги посочуваа лицата преку нивните работни места, во презентирањето на обвиненијата не беше кажано која функција ја имале лицата кои се обвинети, но според разговорите кои ги објавуваше опозицијата, во обвинението за уништување на општина Центар, најверојатно првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото