Извештајот на Јанева на 26 септември на дневен ред во Собранието

Од:

Собранието на Македонија ќе го разгледува Извештајот на Специјалното јавно обвинителство на 120-та седница што е закажана за в понеделник, 26 септември.

Катица Јанева, специјалната обвинителка, во законскиот рок го достави Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци.

Во рамките на 120-та седница на Собранието пратениците ќе го разгледуваат и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Претходно двата извештаи на СЈО и на Јавното обвинителство на РМ ќе ги разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов