Реал Мадрид синоќа го победи Еспањол во Барселона со 2:0 и го стигна рекордот на Барселона од 16 последователни победи во Примера кои Каталонците го остварија под водство на Пеп Гвардиола сезоната 2010/11.
Стрелци на головите за „кралскиот клуб“ беа Хамес Родригез и Карим Бензема.
Резултати на другите осум завршени натпревари од четвртата рунда во Примера:
Бетис – Гранада 2:2,
Леганес – Барселона 1:5,
Атлетико Мадрид – Спортинг Хихон 5:0,
Еибар – Севиља 1:1,
Лас Палмас – Малага 1:0,
Осасуна – Селта Виго 0:0,
Атлетик Билбао – Валенсија 2:1,
Виљареал – Реал Сосиедад 2:1.
Последниот дуел од оваа рунда е закажан за вечер меѓу Алавес и Ла Коруња.
Табела: Реал Мадрид 12 бодови, Барселона 9, Лас Палмас 9, Атлетико Мадрид 8, Севиља 8, Виљареал 8,…